СНЕЖАНА ЈАНКОВИЌ, СКАУТКА НА ЗРНО ГРАШОК Извидничка е речиси цел живот, ама сите ја разбравме поради грашокот на Петар
„Бев водач на неколку генерации извидници на кои сум горда бидејќи сега се исполнети личности и општествено одговорни граѓани. Дефинитивно живеам како извидник и по она наше извидничко мото – еднаш извидник засекогаш извидник“, вели Снежана Јанковиќ за која, многу од нас слушнаа од видеото со грашокот на малиот Петар во кое тој се жалеше: „… таа Снежана мисли ние така, за грашок ќе се мачиме толку…“
Снежана Јанковиќ се запишала во извидници уште во 1999 година, додека сѐ уште одела во основно училиште и сега, како возрасна жена, успеала да ја спои таа своја љубов кон природата, активизмот и извидниците со својата професија, педагогијата.
Кога почнала да оди во извидници се сеќава дека не знаела ништо за тоа, но бидејќи се запишале во извидници многу деца од нејзиното училиште, решила да се запише и таа.
„Еден ден се решивме со другарките и само се појавивме во Домче – Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО). Првите години секако беа насочени кон многу активности, одевме на кампови и учевме да поставуваме шатори, да готвиме, да играме скаут бол, правевме акции за добри дела, натпревари, се дружевме и се запознававме со извидници од цела земја, влегувавме во приказната на извидничкиот живот и сето тоа со некоја, за мене тогаш како дете и млад човек, не многу јасна идеја дека создаваме подобар свет“, почнува да ја раскажува Снежана својата извидничка приказна.
Во меѓувреме, секако, пораснала, завршила педагошки факултет, а желбата за работа и едукација на деца успеала да ја исполни токму преку извидничкиот живот.
„Бев водач на неколку генерации извидници на кои сум горда бидејќи сега се исполнети личности и општествено одговорни граѓани. Дефинитивно живеам како извидник и по она наше извидничко мото – еднаш извидник засекогаш извидник“, се смее нашата соговорничка.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.