СМРТ НА ДЕВОЈКА ГО ПОТРЕСЕ АЛПИНИСТИЧКИОТ СВЕТ Партнерот ја оставил да смрзне на 3.700 метри

Истражителите утврдиле дека мразот и ветрот со брзина до 75 км/ч ја претвориле планината во замрзната стапица. На само 50 метри до врвот Грослокнер жената се почувствувала исцрпена. Наместо да ги почека спасителите, нејзиниот партнер ја оставил и тргнал да бара помош.

0

Највисоката планина во Австрија, Гросглокнер (3.798 м), стана сцена на трагедија што го потресе светот на алпинизмот. Триесет и тригодишна жена од Салцбург загина од студ на само 50 метри под врвот, откако нејзиниот партнер, искусен алпинист, ја оставил сама 6 ипол часа во потрага по помош.

Истражителите утврдиле дека мразот и ветрот со брзина до 75 км/ч ја претвориле планината во замрзната стапица. Жената, која тоа утро тргнала на своето прв сериозно искачување, се почувствувала исцрпено пред самиот врв. Наместо да ја заштити и да ги почека спасителите, нејзиниот придружник заминал по помош, но таа никогаш не ја дочекала зoрата.






Австриското државно обвинителство поднесе обвинение за убиство од крајна небрежност против 36-годишниот маж. Според документот, тој ја оставил партнерката „неизолирана, дезориентирана и без заштита“ и не презел ниту еден минимален чекор за нејзина безбедност.

„Како поискусен и организатор на турната, имал обврска да ја води и заштити,“ се вели во обвинението.

Полицијата во Австрија утврдила дека парот тргнал два часа подоцна од планираното и без основна опрема за итни случаи.

И покрај тоа што видел хеликоптер што ја пребарувал областа околу 22:50 часот, мажот не дал никакви сигнали. Дури околу 3:30 по полноќ, по шест часа раздвоеност, конечно ја алармирал спасувачката служба.

Поради силен ветар, хеликоптерот на алпската полиција не можел да полета до зори. Тимот стигнал дури следното утро по 10 часот и можел само да ја констатира смртта.

Адвокатот на обвинетиот, Курт Јелинек, изјави:

– Мојот клиент длабоко жали. Се работи за трагична несреќа, не за криминален чин.

Трагедијата потсетува на случајот со руската алпинистка Наталија Наговицина (47), која во август загина во Киргистан откако две недели остана заробена на висина од над 7.000 метри.

Поврзани содржини