📽 СМОК ОД МЕТРО ИПОЛ СЕ ШЕТА НИЗ ПАРКОТ КАЈ ВЕРО-ТАФТАЛИЏЕ! Змијата ги исплаши жителите, надлежни – нема

Скопјанка која живее во овој дел од градот (во близина на Веро Тафталиџе ја снимила змијата во тревата во паркот во кој се шетаат многу луѓе, а децата си играат.

9,049

Жителка на Скопје, во близина на маркетот Веро-Тафталиџе, шетајќи низ паркот во близина забележала змија од отприлика метар и пол.

Таа се јавила во ЦУК, но ѝ кажале дека не се надлежни за тоа и ѝ дале број од лиценцирана фирма од Куманово која пак, за оваа интервенција им побарала да платат.






Вели дека змијата набргу се скрила во купот гранки и лисја.

Од ЦУК им рекле дека најверојатно станува збор за смок кој е безопасен, па не треба да се плашат.

Во секој случај, опасен или не, сигурно никому не би му било сеедно да се сретне со змија.

Ако и да не е отровна, сигурни сме дека ќе ги извади од памет и најхрабрите, а особено децата кои си играат во паркот.

 

Поврзани содржини