СМИРЕТЕ ГО СРЦЕТО СО ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ Лаванда, глог, валеријан, рузмарин, најпознати билки за смирувачки чај
Ако страдате од поблага форма на аритмија и сакате да ја ублажите непријатноста, можете да се обидете да ја третирате природно, со помош на чаеви од глог, валеријан, лаванда, гинко билоба или рузмарин
Аритмија или неправилен срцев ритам се јавува кога електричните импулси кои ги координираат отчукувањата на срцето не работат како што треба и затоа нашето срце чука неправилно, пребрзо или премногу бавно. Нарушувањето кога пулсот е под 50 отчукувања во минута се нарекува брадикардија, а нарушувањето кога отчукувањата на срцето е над 100 отчукувања во минута се нарекува тахикардија.
Аритмијата може да биде предизвикана од голем број медицински состојби и болести, но често се јавува како резултат на стрес и прекумерно консумирање алкохол, кофеин и/или тутун. Неправилно чукање на срцето обично не предизвикува очигледни симптоми, но постои чувство на прескокнување на срцето (палпитации). Во случај на потешка аритмија, најчести симптоми се вртоглавица, несвестица и болка во градите.
Кај повеќето луѓе не е неопходно да се лекува аритмијата бидејќи не предизвикува значителни тешкотии, но доколку ненадејно или често предизвика некој од наведените симптоми, задолжително посетете лекар.
Како да приготвите чаеви од овие билки и како да ги употребувате прочитајте на порталот „Арт кујна“.