СЛУШНЕТЕ ГО ЗВУКОТ НА ЦРНАТА ДУПКА Морничави гласови од длабоката вселена (АУДИО)

Звукот не бил обработуван туку само била крената звучноста на 58 октави во процес наречен „сонификација“.

5,597

Заблуда е дека во вселената сѐ е глуво. Напротив, звучните бранови се меѓу нас. Односно меѓу астронаутите. НАСА на својот Твитер профил објави видео од тоа како морничаво звучи една црна дупка, чиј звук се прекршува од галаксиите кои кружат околу неа. Звукот не бил обработуван туку само била крената звучноста на 58 октави во процес наречен „сонификација“. Слушнете:

 






„Заблудата дека нема звук во вселената доаѓа од фактот дека поголемиот дел од вселената е вакуум, низ кој не може да патуваат бранови. Јатото галаксии има толку многу гас што го снимивме вистинскиот звук. Овде тој е засилен и измешан со други адитиви за да се слушне црната дупка“, напишале од НАСА под видеото.

Поврзани содржини