СЛАВЈАНКА, ПРОСТЕНО ТИ Е Русите со воен марш се збогувале со сопругите пред да заминат во војна

Песната и денес често се изведува на бродовите кои пловат во Волга или на транссибирскиот воз до Владивосток, а во 1990-тите била во игра да стане химна на Русија.

1,458

„Проштавањето на Славјанка“ (Прощание славянки) е познат руски патриотски марш од композиторот Василиј Агапкин напишан за време на Првата балканска војна. „Славјанка“ се однесува на жена од словенски род која се простува од својот маж кој заминува во војна. Маршот како сингл бил издаден во 1912 година, но набрзо станал неофицијална химна на белогардејците на адмиралот Колчак.






Песната и денес често се изведува на бродовите кои пловат на Волга или пак на транссибирскиот воз до Владивосток, а во 1990-тите била во игра да стане химна на Русија. Во 1957 била употребена во филмот „Жеравите летаат“, а дотогаш била потиснувана поради тоа што комунистите ја поврзувале со царизмот и националниот сентимент од пред револуцијата.

 

Поврзани содржини