СЛАТКИ КОИ ВЕ МАМАТ ДА ГИ ПРОБАТЕ АМА ЖАЛ ВИ Е И ДА ГИ РАСТУРИТЕ Од коноба, до слаткарница

Млад брачен пар од Хвар кои до скоро беа тандем, заслужен за популарноста на една од најдобрите традиционални гурмански приказни во Далмација, коноба Збондини во Вело Грабље на Хвар, решиле да свртат нов лист и да отворат слаткарница, а нивните слатки сега се главна приказна во градот и се доказ дека и во слаткарството е можен спој на традиционалните состојки и вкусови со примена на нови техники

707

Цвјетко и Марија Тресиќ се млади луѓе кои ги здружиле силите не само како брачни другари, туку и како партнери во работата. Прво, во традиционалниот ресторан на родителите на Марија, поточно, во познатата коноба Збондини во селото Вело Грабље на хрватскиот остров Хвар, далеку од летните гужви во градот, а неодамна, поточно кон средината на мај, во нивната новоотворена слаткарницата наречена едноставно – Sweets (Слатки), а лоцирана под градскиот часовник на хварската пјаца.

За нив слушнавме од нивните сограѓани кои се среќни затоа што во градот сега, освен традиционални слатки и прекрасни торти по оригинални рецепти, како во слаткарницата на нашата стара пријателка Марија Жуаниќ, кои се исто така прекрасни и на вкус и на мирис, сега имаат и колачи кои изгледаат модернистички, па тие гласно се прашуваат дали се овие колачи воопшто за јадење или се само за гледање.






Имено, двајцата сопружници, особено тој, шеф Цвјетко Тресиќ, не го гледаат готвењето само како професија, туку и како начин да го покажат знаењето, креативноста и уметноста на чинија.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини