📽️ СКРОМЕН ПОГРЕБ ЗА БУНТОВНИКОТ Речиси никој не присуствуваше на панихидата во предградието на Санкт Петербург

Ројтерс пишува дека приватната церемонија беше во целосна спротивност со агресивниот начин на живот кој го водеше „бунтовникот“ кој се откажа од пуч на Москва на само стотици километри од главниот руски град.

2,770

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, е погребан на приватен погреб на гробиштата Пороховски во Санкт Петербург, објави неговиот медиумски тим. Се работи за предградие на неговиот роден град. Рускиот претседател Владимир Путин претходоно изјави дека нема да присуствува на церемонијата.

Ројтерс пишува дека приватната церемонија беше во целосна спротивност со агресивниот начин на живот кој го водеше „бунтовникот“ кој се откажа од пуч на Москва на само стотици километри од главниот руски град.






„Последното збогување со Евгениј Викторович се одржа во приватен круг. Оние кои сакаат да се збогуваат можат да ги посетат гробиштата Пороховски“, се вели во кратката објава на Телеграм со фотографија на Евгениј Пригожин.

 

Дали беше избегнато величење на Пригожин со тоа што беше избегнато јавно емитување на неговиот погреб? Гласините дека Кремљ стои зад неговата смрт руската влас ги отфрли како апсолутна лага. Руските инспектори во неделата соопштија дека генетските тестови потврдиле дека Пригожин бил меѓу 10-те луѓе кои загинале во авионот „Ембраер“ кој леташе 30-тина минути од Москва кон Санкт Петербург.

За разлика од приватниот погреб на Пригожин, десетици луѓе дојдоа на погребот на Валери Чекалов, еден од замениците на Евгениј Пригожин, кој загина со својот шеф во авионска несреќа минатата недела. На погребот биле и членови на „Вагнер“ . Според видеото што го сними Ројтерс, руски православен свештеник се молел пред ковчегот на Чекалов додека семејството, пријателите и поранешните колеги, некои држејќи гроздови цвеќиња, се простија.

Некои, меѓу кои и жени и деца со очила за сонце, се приближија да го бакнат неговиот ковчег. Неидентификувани лица од ожалостените на погребот им наредија на снимателот и на фотографот на Ројтерс да престанат да снимаат.

 

Поврзани содржини