СКРИЕНА ВОДА ПРОНАЈДЕНА НА ЕКВАТОРОТ НА МАРС Кањон од 4.000 километри е ултимативната загатка
Откривме дека централниот дел на кањонот Валес Маринерис е преполн со вода, многу повеќе вода отколку што очекувавме. Ова е многу слично на вечно замрзнатите региони на Земјата, каде што мразот трајно опстојува под сувата почва поради постојано ниските температури, вели Алексеј Малахов, коавтор на студијата.
Огромен карпест предел кој се протега долж 4.000 километри по екваторот на Марс, налик на Големиот Кањон во Аризона во САД веројатно е преполн со заробена вода, открија снимки од сателит на Европската вселенска агенција. Пределот по има Валес Маринерис е најголем ваков предел во Сончевиот систем, а дури 40 отсто од масата под неговата површина покажува присуство на замрзнат водород, пишува ИФЛ Наука.
Ова ја прави долината Маринерис одлично место за лов на вода и живот. И за разлика од другите случаи кога водата научниците ја бараа на самата површина, ова е доказ дека таа оди длабоко во марсовската почва.
The #ExoMars TGO has found significant amounts of water in Mars’ Valles Marineris. It hides not more than one metre beneath the surface: https://t.co/51WEkOP6Au pic.twitter.com/7ALXZUBS8w
— Austr. Space Forum (@oewf) December 16, 2021
„Со (сателитот) ТГО можеме да погледнеме до еден метар под овој правлив слој и да видиме што навистина се случува под површината на Марс – и, најважно, да лоцираме „оази“ богати со вода кои не можеа да се откријат со претходните инструменти“, пишува Игор Митрофанов, главен автор на студијата.
Митрофанов работи во Институтот за вселенски истражувања на Руската академија. Неговиот колега Алексеј Малахов е исто така изненаден.
– Откривме дека централниот дел на кањонот Валес Маринерис е преполн со вода, многу повеќе вода отколку што очекувавме. Ова е многу слично на вечно замрзнатите региони на Земјата, каде што мразот трајно опстојува под сувата почва поради постојано ниските температури – рече коавторот Алексеј Малахов.
Марс е ладна пустина, но местата околу екваторот сè уште не му се доволно ладни за мразот да исплива на површината, како што тоа се случува на половите. Сепак, за да се потврди дека навистина се работи за вода, ќе бидат потребни уште докази.