СКОПЈАНЕЦОТ ЕНИС ИМЕРОВСКИ ГОРДО ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА СВЕТСКИ ШАМПИОНАТИ ЗА ПИЦИ Врвен пица-мајстор, уникатни комбинации
Сте пробале ли досега пица со мармалад од шипки и капинки и чипс од лешник? Вакви и други интересни и само нему својствени комбинации прави дваесетишестгодишниот скопјанец Енис Имеровски кој секаде наоѓа инспирација за ова, но затоа никогаш не отстапува од точните мерки кога треба да се направи тестото за неговите неверојатни пици
Скопјанецот Енис Имеровски го видов сосема случајно на еден настан на кој изложуваа свои производи мали локални производители на храна, сите дел од организацијата Слоу фуд, наши драги пријатели со најразлични вкусни производи. Ја здогледав прво пицата, прво ми го привлече вниманието со изгледот на тестото, а потоа и со содржината: моцарела, слатко од диви капинки и мармалад од шипки од Мирјана и Бранко Ангелески и чипс од лешник, производ на семејството Перески од струшко.
Дури потоа го видов момчето што ја држеше. Направи неколку пици и сите се разграбаа набрзина па не стасав да пробам, а не стасав дури ни до мајсторот што ги направи.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.