СИТИ И ВИТКИ? И тоа е можно!
Не станува збор за некое волшебно средство за слабеење, ниту пак станува збор за трик. Едноставно, ако сакате да ги стопите масните наслаги, јадете печурки. Еве нешто повеќе за оваа диета со печурки
Влакната во печурките ја подобруваат работата на цревата и создаваат чувство на ситост после кое нема да посегате по нездрави брзи залчиња кои се најодговорни за таложењето на маснотиите на критичните делови од телото. Токму затоа диетата со печурки е идеална за сите кои не го поднесуваат чувството на глад.
Печурките се здрави намирници богати со протеини заради што се нарекуваат „месо за вегетаријанци“. Оваа вкусна билка може да биде добар сојузник за сите кои сакаат да ослабнат, но на здрав начин.
Во оваа диета нема гладување и исцрпување на телото со една намирница што во другите режими предизвикува несакан јо-јо ефект и ослабена состојба на организмот. Поентата е во тоа што се исфрла месото од менито, а се заменува со печурки.
„Главниот фокус на диетата е во замена на еден месен оброк со печурки и тоа 4 пати неделно“.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.