СИТЕ ПЕАТ, САМО ЧОЛА ЛЕКУВА! Како една учителка од Скопје стана најверната обожавателка и пријателка на балканската ѕвезда

„Тој не е само ѕвезда – тој е дел од мојот живот“, вели скопјанката Јованка Грозданоска, најверната обожавателка на најголемата балканска ѕвезда, чија љубов кон идолот прераснала во пријателство што трае со децении.

4,008

Јованка Грозданоска сум ја среќавала на повеќе настани, обично поврзани со музика или со храна, но првпат имав можност да поминам со неа подолго време кога делевме превоз од Скопје до Охрид. Поточно, јас и мојот поранешен колега Дуле Мичиќ, инаку, невозачи и Јованка со нејзиниот автомобил. А токму тој автомобил беше првиот шок. Ми кажаа дека ќе ме чекаат на најблиската бензинска станица со Мерцедес со постер на Здравко Чолиќ.

Не ми беше ништо јасно, но патем ја слушнав нејзината приказна за пријателството со Здравко Чолиќ, иако, и после сѐ, сепак не бев целосно подготвена на она што го видов додека таа ладнокрвно ја распакуваше својата торба и ја менуваше постелнината во хотелската соба со својата перница со ликот на Здравко, а потоа вадеше едно по едно, чадор со ликот на Здравко, маица, маска за телефон….






Од детска љубов до животна пасија

– Првпат го слушнав Здравко кога имав само 5 години. Мајка ми пушташе плочи дома и еден ден, меѓу тие песни, се појави глас што веднаш ми влезе во срце иако незнаев кој е и како изгледа – тоа беше Чола. Така почна сѐ. Имав точно 5 години и од тогаш наваму, тој глас ме води низ животот. Од детска љубов, премина во животна пасија. Тоа не беше вообичаена обожавателска фаза – туку нешто подлабоко, како животна нишка – ја почна Јованка својата необична приказна.

Денес, повеќе од 40 години подоцна, таа не само што не пропушта ниту еден негов концерт, туку може да се пофали со нешто многу повеќе – искрено пријателство со балканската суперѕвезда.

Целата приказна и заедничките фотографии кои сведочат за ова необично пријателство ќе ги најдете на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини