📷 СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО БЕЛИТЕ ПАТИКИ НА ТРАМП Ваква модна катастрофа никој не очекуваше

Пред да се качи во хеликоптерот „Марин Уан“, кратко им се обрати на новинарите за состојбата во Газа и за случајот со Џејмс Коми, но токму неговите обувки го привлекоа целото внимание.

845

Американскиот претседател Доналд Трамп стана предмет на жестоки реакции на социјалните мрежи поради својот необичен избор на облека за време на посетата на престижниот голф-турнир „Рајдер куп“.

Познат како страстен љубител на голфот, Трамп бил забележан на пат кон натпреварот каде што се соочуваат тимовите на САД и на Европа, облечен во црно одело без вратоврска – но со снежно бели голф-чевли. Фотографиите од неговото појавување предизвикаа бројни коментари и шеги на интернет, особено затоа што Трамп не бил дел од натпреварувањето, туку само гледач.






Пред да се качи во хеликоптерот „Марин Уан“, кратко им се обрати на новинарите за состојбата во Газа и за случајот со Џејмс Коми, но токму неговите обувки го привлекоа целото внимание.

„Изгледа како пингвин“, коментираа корисници на платформата Икс, додека други забележуваа дека комбинацијата на елегантно одело и спортски патики изгледа „како од некој стар филм“.

Еден корисник саркастично напиша: „Трамп оди на Рајдер куп со патики, а не игра. Сериозно чудно“. Друг додаде: „Изгледа како продавач на автомобили од 1974 година“.

Некои, сепак, забележаа дека изборот на чевли можеби не бил модна грешка, туку медицинска потреба. Според информации од Белата куќа, Трамп се соочува со хронична венска инсуфициенција – проблем со циркулацијата што предизвикува отечени нозе и глуждови. Неговиот лекар, капетанот Шон Барбабела, увери дека нема простор за паника, бидејќи тоа е вообичаена состојба кај луѓе над 70 години.

И додека дел од јавноста се пошегува на негова сметка, Белата куќа се обиде да го претстави Трамп како херој на настанот. Портпаролката Каролин Ливит изјави дека турнирот, кој има речиси вековна традиција, оваа година немал да се одржи без личната интервенција на претседателот.

– Во петок, претседателот ќе отпатува на Лонг Ајленд за натпреварот помеѓу САД и Европа. Овој престижен спортски настан немаше да се случи без неговата помош – изјави Ливит, додавајќи дека Трамп потпишал извршна уредба за спречување на штрајк кој би го блокирал подрачјето на Њујорк.

Овие зборови, сепак, предизвикаа нов бран иронични коментари.

„Следно ќе чуеме дека Трамп го измислил голфот и лично го научил Тајгер Вудс да замавнува со палка“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Човекот е чудо – додека го спасувал Рајдер купот, ставил крај на две војни и ги намалил цените на лековите за 1.100 проценти“.

Поврзани содржини