СИРИ, КОЛКУ Е 6Х9? Татко открил како петгодишниот син ја заобиколува родителската контрола на Јутјуб

Татко од Флорида открил како неговиот петгодишен син ги заобиколува родителските контроли на Јутјуб со помош на Сири.

30

Роберто Перез, пожарникар од Орландо, го снимил моментот во кој неговиот син Исаија го користи Сири за да ги добие решенијата за математичките проблеми што YouTube Kids ги поставува кога има обид за пристап до ограничените содржини, а видеото собрало повеќе од 32 милиони лајкови.

Патем, Исаија, за разлика од повеќето негови врсници кои учат едноставно собирање, веќе собира двоцифрени и трицифрени броеви и ги учи основите на множењето. Таткото забележал дека момчето пронашло начин да ја заобиколи заштитата на апликацијата YouTube Kids. Тој не знаел како го направил тоа сè додека, додека чекал лекарски преглед за неговиот брат, не го слушнал Исаија како поставува прашања за множење на Сири.






– Можете да поставите родителски контроли на YouTube Kids и да дозволите само одредена содржина. Кога ќе се обидете да ја отворите содржината што е заклучена, апликацијата исфрла случајна задача за множење како проверка – вели Перез.

– Мојот син сфати дека може да ја праша Сири, а таа ќе му го каже одговорот на екранот. На тој начин, го реши проблемот без да ја напушти апликацијата.

Повеќе за ова, како и видеото, побарајте ги ТУКА.

Поврзани содржини