СИНТЕТИЧКИ МАТКИ НАМЕСТО МАЈКИ Основачот на Eтереум сака да ги замени трудниците со вештачки матки
Основачот на криптовалутата Етереум, Виталик Бутерин, понуди решение за падот на наталитетот и родовата нееднаквост. 27-годишникот објави на Твитер контроверзен предлог бременоста да се замени со синтетички матки.
„Синтетичката матка би го отстранила тешкиот товар на бременоста, значително намалувајќи ја нееднаквоста“, напиша тој.
Тој приложи и графикон кој покажува како заработката на жените значително се намалува по раѓањето на детето, што не е случај кај мажите. Затоа, тој смета дека товарот на бременоста треба да се префрли на вештачки матки, кои би ги имитирале состојбите во мајчината утроба и би им овозможиле на жените да работат повеќе.
Предлогот го одобрува основачот на дигиталната платформа Gumroad, Сахил Лавинги, кој смета дека оваа технологија „ќе го направи раѓањето деца многу побрзо, полесно, поевтино и подостапно“
Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.