СИНОТ НА ПРИГОЖИН ГО НАСЛЕДУВА БОГАТСТВОТО Откриени детали од тестаментот на основачот на Вагнер 

Деталите од тестаментот на Пригожин откриваат дека неговиот огромен имот, кој ја вклучува неговата приватна вила, бројни бизниси и околу 116 милиони евра, ги наследува неговиот 25-годишен син Павел.

1,908

Наследството на Евгениј Пригожин, влијателниот руски бизнисмен и основач на приватната воена компанија Вагнер, стана тема на светски интриги. По неговата смрт во авионска несреќа минатиот месец, распределбата на неговото значајно богатство и идната насока на неговите операции предизвикаа многу шпекулации.

Деталите од тестаментот на Пригожин откриваат дека неговиот огромен имот, кој ја вклучува неговата приватна вила, бројни бизниси и околу 116 милиони евра, ги наследува неговиот 25-годишен син Павел. Овој план за наследување укажува не само на значителен трансфер на личното богатство, туку и на потенцијална промена во динамиката на моќта во секторите под влијание на бизнисите на Пригожин.
Во објавените детали од тестаментот на основачот на Вагнер се откриваат и условите што тој му ги оставил на својот наследник. Пригожин со наследствотото оставил и услов, неговиот син Павел да им „обезбеди достоинствена егзистенција“ на неговата сопругата, ќерките и на неговата мајка.
Во тестаментот, исто така, се наведува дека ако Павел умре или се откаже од своето наследство, тоа мора да биде подеднакво поделено меѓу вдовицата, ќерките и внукот на Пригожин.






И ПОСЛЕ ПРИГОЖИН – ПРИГОЖИН? Синот на рускиот бунтовник се бори за превласт во „Вагнер“

Поврзани содржини