📷 СИНОТ НА ЈОСИП БРОЗ ТИТО НАПОЛНИ 82 ГОДИНИ Миша Броз наздравува со чаша пиво
Миша е петто дете на Тито, но пред него преживеало само едно дете, од бракот со неговата прва сопруга.
Внуката на Јосип Броз Тито, Александра Саша Броз, објави фотографија со родителите.
Нејзиниот татко, Александар Миша Броз, најмладиот син на Тито, веќе има 82 години.
Тито го доби синот Александар со својата трета сопруга Херта Хас, која воедно беше и неговата прва невенчана сопруга. Нивниот брак траеше до почетокот на Втората светска војна во 1941 година кога Тито го напушти Загреб и се пресели во Белград.
Херта остана во Загреб, каде што набргу се породи и го роди синот Александар Миша.
Миша е петто дете на Тито, но пред него преживеало само едно дете, од бракот со неговата прва сопруга.
По ослободувањето на Југославија, Миша живеел во Белград, во непосредна близина на својот татко, тогашниот маршал и претседател на владата на ФНР Југославија. Основно и средно училиште завршил во Белград, а потоа заминал во Загреб, каде што завршил Правен факултет.
По осамостојувањето на Република Хрватска во 1991 година, по предлог на тогашниот претседател Фрањо Туѓман, тој преминал во Министерството за надворешни работи, каде што првин бил советник на министерот, а потоа и овластен министер во хрватската амбасада во Русија и Египет. Неговата последна должност била амбасадор во Индонезија до 2009 година.
Неговата ќерка и внука на Тито, Саша, е хрватски театарски режисер. Таа одела во балетско училиште во Москва, но по повредата на стапалото, се вратила во Хрватска, каде што се преориентирала на театарска режија. Својата режисерска кариера ја почнала во втората година од студиите.