СИНОТ НА МИЛОШЕВИЌ ГИ ОПЕРИРАЛ УШИТЕ ЗАТОА ШТО МУ БИЛЕ КЛЕМПАВИ Извадок од разговор открива каков однос имал тој со татко му

Јас сум тврдоглав како стока, му вели Марко на татко му кој го убедува да не ги оперира ушите велејќи му дека само така му се чини затоа што е слаб.

975

Марко Милошевиќ, синот на некогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ имал операција на ушите во март 1997 година во Италија, а претходно му се пожалил на татко си за ова, сугерира транскрипт од приватен разговор кој го пренесува Експрес.

Тој исто така бил на корекција на забите, а и ставил сини контактни леќи.






Марко по долго отсуство во јавноста се појави во Москва, во 2019 година. Тој пред неколку денови присуствуваше и на отворањето на споменикот на неговиот татко во Москва. Со години се знаеше малку за него. Според една варијанта тој

А еве што сугерира транскриптот:

– Јас сум тврдоглав како стока – му вели Марко на татко му.

– Добро, убав мој. Разговарав со доктор и размислував за ова со своја глава. Ти воопшто не треба да се оперираш.

– Оф, тато, па мислам, знаев дека ти вака ќе…

– Чекај малку да ти објаснам нешто. Знаеш ли ти зошто сега изгледаш така? Затоа што си страшно слаб и секое магаре на твоја возраст изгледа така, а штом малку пополниш, тукуречи да се стабилизираш сѐ ќе си дојде на свое место. Јас дури изгледав и полошо кога бев слаб – го теши Милошевиќ својот син.

– Па види, се согласувам, ама немам намера да се разубавувам тек за 15 години – одговара Марко.

– Само ти се чини дека си толку слаб. И пилињата имаат зад ушите малку за остранување, од мускулот малку што е за јадење. А ти таму (зад ушите) имаш само коска, сфаќаш? Спрема тоа, секое насилство врз природата е глупаво, а второ, убав си како кукла, на тато. Немој да се заебеш!

– Тато…

– Јас сум против и јас сум родител. Ете тоа е.

– Одлично. А јас сум за оваа работа и сум полнолетен.

– Е ако си полнолетен има да те натепам кога ќе се појавиш тука.

– Не се секирај татенце…

– Сакам да ти кажам дека тоа е така само затоа што си слаб. Главата ти е како извиена, а стомакот ти е како монета од пет денари. Што не му додадеш малку сланина на стомакот?

– Немој бе да го правиш ова. Па луд ли си? Која женска ти набила комплекс?

– Не е женска, туку, не можам да возам скап автомобил, да се облекувам убаво, а да бидам клемпав како стока.

Во една друга прилика, па, Марко зборува со мајка му Мира велејќи ѝ дека ќе смени 29 заби.

– Мамо јас ќе ги сменат сите заби. Имам 29 заба во главата и 29 ќе сменам. Јас не ги поправам, ги менувам – вели тој.

– Да ти кажам нешто. Познато е дека на Запад здравството е нехумана работа – му одговара мајка му.

– Овој (забар што ќе ме оперира) е Хрват.

– Ти си навистина луд.

– Усташ е (забарот). Знаеш како зборува. Ништо не го разбирам. Ништо. Ист е како (Фрањо) Туџман. Со стиснати усни, со чуден поглед. Целиот онака фашистички феминизиран. Кој му ебе матер…

(ВИДЕО) СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ ДОБИ СПОМЕНИК ВО МОСКВА На откривањето син му Марко и „Ноќните волци“ најавија победа на Русија во војната со Украина

 

 

Поврзани содржини