СИНДРОМ НА ЗЛАТНО ДЕТЕ Како да (не) го упропастите детето?

Синдромот на златно дете е многу чест кај семејните динамики со родители кои ги „лечат“ сопствените чувства на инфериорност со фаворизирање на „посебното“ дете (златно дете ) кое е таму за да ги реализира сите (свесни или несвесни) проекции и желби на родителите.

30

Ваквите деца стануваат „видени“ или „слушнати“ само кога ќе го постигнат успехот што нивните родители го очекуваат од нив и со текот на времето развиваат специфична внатрешна динамика со која преовладува модел на однесување – задоволување (people pleasing).

Меѓу другите особини, најчувствителната од сите што овие деца (подоцна, возрасни луѓе) ја развиваат е чувството на самодоверба исклучиво преку резултати. Затоа, кога резултатите се отсутни, чувството на идентитет, важност, па дури и вредност се губи.

Синдромот на златно дете се однесува на семејна динамика во која едно дете (доколку има браќа и сестри) или дете кое нема браќа и сестри е фаворизирано и идеализирано вербално и невербално од страна на родителите, на начин на кој се очекува од него/неа да биде совршено и успешно. СЕКОГАШ.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини