СИН МИ ПИШУВА ПОДОБРО ОД МЕНЕ, АМА ЈАС СЕПАК МУ СОЛАМ МАЛКУ ПАМЕТ Да пишуваш совршена приказна на лош јазик е како да свириш ремек-дело на раштимуван клавир

Кога станува збор за пишувањето, син ми, Иван, тој е подобар од мене. Но, има уште многу работа, па малку му солам памет: Да пишуваш совршена приказна на лошо негуван јазик е како да свириш ремек-дело на раштимуван клавир, раскажува Бранислав Николов ака Пијан Славеј, за себе, за своето творештво и за релацијата татко/син, во нивниот случај – другарски однос, по хоризонтала

1,381

Бранислав Николов, познат и како Пијан Славеј, пејач на групата Фолтин, ама и на неговата релативно нова приказна, групата „Пијан Славеј“ која го имаше своето огнено крштевање на скопскиот „Oф фест 2021, пишувач, прво текстописец, а потоа и поет, со опус голем како да има 100 години, а не допрва 52.

Ќе си речете, каква врска има сега пак тој со нашите портали „Мајка и дете“ и „Арт кујна“. А ние ќе ви кажеме дека секој има врска и со двата. Секој од нас доаѓа од некаде, од некои родители, од некое семејство, има или некогаш ќе има свое семејство и свој дом, секој има или имал мајка и татко или е и самиот родител, секој од нас се храни за да живее или обратно, не секој од нас готви, ама секој сака да јаде кога некој друг ќе му зготви.






Такашто, зошто да не? Бранислав од Фолтин или Пијан Славеј, сеедно, зашто тој е и едното и другото, ни раскажа од какво семејство потекнува, а ни раскажа и за неговиот син Иван, ни кажа и за себеси, а направи и одличен спој меѓу поезијата и музиката и, секако, храната.

Дефинитивно, не е бретаријанец (Практичарите на оваа филозофија тврдат дека не се хранат и дека живеат само од светлина). Напротив, добро се храни и не живее од светлината, ама секогаш е осветлен од неа, тоа најчесто се случува на сцената.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини