СИ НАПРАВИЛЕ ЦРНА И ЦРВЈА ДУПКА ВО ЛАБОРАТОРИЈА Сега е времето да се обединат Ајнштајн и Планк!

Испаѓа дека комуникацијата низ ваква дупка е можна само ако честичките меѓусебно се квантно заплеткани. Звучи познато? Тоа е еден феномен за кој Ајнштајн рекол дека е „морничава работа на далечина“, бидејќи во негово време било откриено дека две честички можат да комуницираат побрзо од светлината. Не му се допаѓала идејата нешто да патува побрзо од светлината. Епа, сега испаѓа дека честичките можат да комуницираат и низ црна дупка, каде што ионака, равенките на Ајнштајн се кршат, бидејќи самата дупка го кине просторот, односно време-просторот.

471

Не е фикција, истражувачи во САД за првпат успеаја да симулираат мала холографска црвја дупка и испратија порака преку неа. Да, а црвјите и црните дупки изгледа дека се послични одошто мислевме, пишува ИнтересноИнженерство. Нивното откритие објавено во Нејчр фрла ново светло врз она што ги мачеше Ајнштајн, Макс Планк и Стивен Хокинг. Прашањето беше, како ли се однесуваат квантните честички и полиња близу до огромната гравитација на една црна дупка и дали можат да излезат од другата страна?

Симулација на црна дупка не значи и вистинска црна дупка. Но, ако ја симулираме нејзината обвивка, која што се вика хоризонт, тогаш можеме да провериме кој бил, а кој не бил во право. За ова идеално е дома да имате квантен компјутер како што имале истражувачите во Гугл. Или само еден негов процесор би бил доволен за мини-експериментот.






Научниците манипулирале синџир од атоми за да се однесува така како што се однесува површината на една црна дупка. И оп, не само што потврдиле дека црната дупка емитува радијација, како што тоа го предложи Хокинг во 1974 година, туку дека повеќето од видливата светлина во универзумот се создава во овие темни предели на универзумот. Таа се создава така што парови од честици и античестици кои ги испушта дупката се уништуваат меѓусебно произведувајќи фотони.

Научниците потоа симулирале испраќање на порака низ дупката, докажувајќи дека таа истовремено е и црвја дупка – како оние низ кои може да се патува во времето или да се скрати патот…Само што Ајнштајн не мислел така кога заедно со колегата Розен ги откриле овие „мостови“.

 

И уште нешто. Испаѓа дека комуникацијата низ ваква дупка е можна само ако честичките меѓусебно се квантно заплеткани. Звучи познато? Тоа е еден феномен за кој Ајнштајн рекол дека е „морничава работа на далечина“, бидејќи во негово време било откриено дека две честички можат да комуницираат побрзо од светлината. Не му се допаѓала идејата нешто да патува побрзо од светлината. Епа, сега испаѓа дека честичките можат да комуницираат и низ црна дупка, каде што ионака, равенките на Ајнштајн се кршат, бидејќи самата дупка го кине просторот, односно време-просторот.

Квантното заплеткување е проблем за научниците бидејќи се случува инстантно. Ако пратам порака, испаѓа дека од другата страна таа веќе била примена. Ова ги крши законите на причинско-последичниот универзум. Но, без гајле, сè што патува побрзо од светлината не ја почитува оваа логика. Барем ова е подобро од претходните теории каде Алиса и Боб не би можеле воопшто да комуницираат.

Да биде работата уште поубава, или покомплексна, од 1980-тите па навака се роди теоријата дека црните дупки се како стаклени кугли, низ кои, ако ѕирнете, ќе видите дисторзирана слика на површината, додека самиот предмет внатре, ако нешто внатре има, не е видлив однадвор. Постручно речено, дупките се како 3Д-холограм, како некој одвнатре да го проектира она што вие го гледате на површината.

Тука е битно да се спомне и дека тезата дека црната дупка можеме да ја опишеме само преку нејзината површина, односно за нешто што е 3-Д ние имаме доволно информации преку 2-Д површината е докажлива. Само што сега, кога знаеме дека може да се комуницира од двете страни на дупката поинтересно станува прашањето, дали низ неа е можно да патуваат и поголеми објекти?

Сега засега, останува на научниците да направат дополнителни експерименти. За да се спојат Ајнштајн, Макс Планк и Хокинг секако треба да се открие и една клучна работа – како се виткаат квантните честици под дејство на гравитацијата? Знаеме дека се случува нешто комплексно, нешто што не е толку глатко како танцот на планетите во вселената. Но, толку ли е тешко да се опише тој хаос, за кого најдобрите теории што ги имаме – Теоријата на струни и Теоријата на квантните полиња прават каша-попара измислувајќи нови димензии?

ИМАМЕ ТЕОРИЈА НА СЀ…КОЈА Е БЕЗВРЕДНА? Струните сепак остануваат нашето најубаво решение на космосот

 

Поврзани содржини