СИМУЛАТОР НА НУКЛЕАРЕН НАПАД Како би поминале со нуклеарка во Скопје?

Симулаторот нуди можности за различни сценарија при нуклеарен напад на која било точка на Земјата.

9,988

„Нуклеар мап“ е симулатор на нуклеарен напад кој користи карти од Гугл и има опции за избор на тежината и јачината на бомбата. Може да се одбере секое место на Земјата и да се види какви би биле последиците по населението и инфраструктурата.

Што би се случило доколку на Скопје падне нуклеарна бомба? Ништо добро како што претпоставувавте. Според симулаторот, ако нуклеарната бомба е со моќност од 800 килотони тоа би довело до големи жртви при нападот, а не се пресметени понатамошните жртви од радијацијата затоа што на тоа влијаат многу фактори. Така со бомба од 800 килотони би имало околу 220.000 жртви и исто толку повредени.






Ако ви е здодевно еве ви линк до симулаторот па бомбардирајте каде сакате.

Поврзани содржини