📷 СИМНИ СЕ ОД БАХУС, БЕСРАМНИЧКЕ! Се претераа туристите во Фиренца

Две фотографии објавени на Инстаграм предизвикаа гневни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, а некои повикаа на апсење на туристката. Втората фотка е речиси експлицитна.

1,368

Италија збесна откако туристка во Фиренца беше фотографирана како имитира развратен чин на статуата на римскиот бог Бахус.

На фотографиите – кои беа споделени на интернет од страна на профилот на социјалните мрежи Добредојдовте во Фиренца – може да се види како женат ја бакнува статуата во природна големина ноќе.






Бахус стои на аголот на улица во близина на познатиот мост Понте Векиа и е модерна реплика на делото од 16 век. Оригиналот се чува во музејо.

Фотографиите предизвикаа гневни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, а некои повикаа на апсење на жената.

„Ова е резултат на долгогодишни обиди за претворање на Фиренца во Дизниленд“, гласи еден од коментарите. Во други се повикува и во Италија да се примени „моделот на Сингапур” со „строги проверки, високи казни и нула толеранција“ за лошо однесување.

Фиренца е една од најпознатиѕе туристички дестинации во светот. Во 2023 година, околу 1,5 милиони луѓе го посетиле градот – кој има само 382.000 жители – помеѓу јуни и септември.

Поврзани содржини