СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ДЕМНЕ ЕВРОПА Циклони со 120 километри на час и дожд се очекуваат од Шпанија до Словачка
Најинтензивни бури со ветрови брзи и до 120 километри на час се очекуваат на североистокот на Шпанија, особено во областа на Барселона, на северот на Италија, на Алпите, на северот и западот на Австрија, на југот на Чешка, во крајниот југоисточен дел на Германија и во делови од Швајцарија.
На подрачјето на југозападна и централна Европа денеска се очекува многу силно невреме. Најинтензивно невреме ќе има на североистокот на Шпанија, пренесува српски Телеграф.
Подрачјето на Пиринејскиот Полуостров преку југот на Франција, западниот дел од Медитеранот и Алпите до југот на Полска и северот на Словачка денеска е под закана од многу обилни дождови и силни грмотевици.
Најинтензивни бури се очекуваат на североистокот на Шпанија, особено во областа на Барселона, на северот на Италија, на Алпите, на северот и западот на Австрија, на југот на Чешка, во крајниот југоисточен дел на Германија и во делови од Швајцарија.
Во овие региони се очекува опасност од многу силни суперклеточни бури и торнада. Се очекува да наврнат над 100 литри дожд, со ризик од поплави и порои, а можни се и урагански ветрови со брзина од над 120 км/ч.
THREE Level 3 Severe Risks in parts of #Europe from Estofex for tomorrow.#weather pic.twitter.com/Ihf4HAmuom
— StormHQ ☈ (@StormHQwx) August 26, 2023
Овие бури се резултат на многу изразен циклон со центар над Северниот Атлантик и многу изразен студен фронт во него, кој денес ќе стигне до Алпите и ќе се протега од југозападот на Европа до централните региони и ќе одвои две спротивни воздушни маси, топло од исток и значително постудено од запад. Многу свежа воздушна маса зад студениот фронт што ќе продре од Атлантикот преку Западна Европа до Централна Европа, Алпите и Западниот Медитеран ќе создаде идеални услови за невреме и обилни врнежи, но ќе донесе и реални есенски температури со вредности на околу 15°C.
Вториот ден од викендот ќе биде уште постудено, а снег ќе врне и на повисоките делови на Алпите каде на надморска височина од над 2.000 метри ќе паѓаат од 10 до 20 сантиметри снег, што не е ретка појава на самиот крај од август.
Врнежи со грмежи се очекуваат само денеска во јужните делови на Балканот, главно низ Грција и Македонија.