СИ СЕ ИЗНАМУАБЕТИВМЕ СО ПУТИН ЗА САТЕЛИТИТЕ Маск му рекол на претставник на Пентагон дека бил на линија со рускиот лидер

Ова беше, на пример, три минути пред тој(Маск) да рече: „Па, го имав овој одличен разговор со Путин, рече високиот претставник на одбраната, цитиран од агенциите. И ние (во Пентагон) си рековме „О драга, ова не е добро“.

1,583

Милијардерот Илон Маск му рекол на Колин Кал, висок претставник на Пентагон дека лани во октомври разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во врска со сателитите „Старлинк“ кои тој ги обезбеди над небото на Украина, пренесува Индепендент.

Според Њујоркер пак, друг висок офицер на Пентагон, Маск наводно му кажал дека може да види како се одвива целата војна на својот лаптоп.






– Ова беше, на пример, три минути пред тој(Маск) да рече: „Па, го имав овој одличен разговор со Путин – рече високиот претставник на одбраната, цитиран од агенциите.

– И ние (во Пентагон) си рековме „О, драга, ова не е добро“.

Разговорот меѓу Маск и тогашни функционери на Пентагон се случил додека украинските сили доживуваа прекин во нивната поврзаност со услугата Старлинк на Спејс Икс.

– Мојот заклучок беше дека тој станува нервозен што вмешаноста на Старлинк сѐ повеќе се гледаше во Русија како овозможување на украинските воени напори и бараше начин да ги смири руските грижи – изјави Кал за Њујоркер.

Маск наводно се колебал дали да продолжи да ја доставува услугата на украинските сили, а Кал рекол дека имало молба за кратко продолжување на услугата Старлинк од неколку недели за да се формулира договор.

– Ако го прекинете ова, тоа нема да стави крај на војната – се сеќава Кал дека му рекол на Маск.

По разговор од 15 минути, Маск, наводно, се согласил да му даде повеќе време на Пентагон. Сепак, подоцна, како одговор на реакциите на јавноста, тој ги повлече своите претходни изјави за прекин на услугата.

Сателитите Старлинк продолжија да летаат во вселената над просторот на Украина.

„По ѓаволите“, напиша Маск на Твитер. „Иако Старлинк сè уште губи пари, а другите компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние само ќе продолжиме да ја финансираме украинската влада бесплатно“.

СпејсИкс потоа поднесе барање за САД и нивните сојузници да сносат поголем дел од трошоците за Старлинк во Украина.

Во јуни оваа година, амерканското Министерство за одбрана откри дека успешно постигнало договор со СпејсИкс.

Поврзани содржини