📷 СИ ЛИЧАТ КАКО „ЈАЈЦЕ НА ЈАЈЦЕ“ Олаф Шолц го сретна својот „двојник“, фотографијата стана хит

Сличноста меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и сенаторот од американската сојузна држава Делавер е неверојатна и нивната заедничка фотографија брзо стана хит на социјалните мрежи.

1,172

Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на посетата на САД го сретна својот „двојник“, американскиот сенатор Крис Кунс.

Сличноста меѓу германскиот канцелар и американскиот сенатор е неверојатна и нивната заедничка фотографија брзо стана хит на социјалните мрежи.






„Одлично е што повторно се видов со мојот двојник“ – напиша германскиот канцелар во објавата.

Кристофер Ендру Кунс (61) е американски адвокат и политичар кој од 2010 година е помлад сенатор на Соединетите Држави од сојузната држава Делавер. Кунс кој е пет години помлад од Шолц, сега е претставник на Демократската партија, иако во политиката влегува работејќи за републикански политичари. Како 17-годишник во 1980 година, тој самостојно водеше кампања за претседателската трка на Роналд Реган. Тој исто така, работеше и на кампањата на Бил Рот за американскиот Сенат во 1982 година.

Подоцна додека студира на колеџ, Кунс се префрла од републиканец во демократ и во 1988 година ја води сенаторската кампања на демократскиот сенатор од Делавер, Шиен Биау Ву. Од 2010 година тој е претставник на Демократската партија во Сенатот на САД.

Поврзани содржини