СИ ЈА БАРААТ БЕЉАТА НАД БАЛТИКОТ Руски авион пресретнал две американски летечки тврдини Б-52Н (ВИДЕО)

1,341

Руски авион Су-35 успеал да пресретне два стратешки бомбардера на американските воздухопловни сили Б-52Н над Балтичкото Море, соопшти во понеделникот рускиот Национален одбранбен контролен центар.

– На 20 март 2023 година, радарите за противвоздушна одбрана на дежурниот Западен воен округ открија две воздушни цели над Балтичкото Море кои летаат кон државната граница на Руската Федерација. Целите се идентификувани како два стратешки бомбардери Б-52Н на американското воено воздухопловство – соопшти Министерството за одбрана.






Министерството соопшти дека ловецот Су-35 отишол да ги идентификува авионите и да спречи нарушување на државната граница, додавајќи дека екипажот стигнал до одредено воздушно патролно подрачје, пренесува ТАСС.

– Откако странските воени авиони се оддалечија од државната граница на Руската Федерација, рускиот авион се врати во матичната база – се наведува во соопштението.

Ова е прв инцидент откако американската армија минатата недела објави дека руски борбен авион удрил во пропелерот на шпионски дрон, кој потоа паднал во Црното Море.

Поврзани содржини