ШВЕДСКА НАЕДНАШ ЈА ПРЕКИНУВА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НА НАСТАВАТА Поради таблетите и апликациите децата не знаат да читаат и пишуваат
Шведска се враќа на традиционалните образовни методи со акцент на печатените книги, практиката на читање и пишување и намалување на употребата на таблети и дигитални алатки. Тие беа лидери во воведувањето нови технологии во училиштата. Сега на тоа му дојде крајот.
Шведска се враќа на традиционалните образовни методи со акцент на печатените книги, практиката на читање и пишување и намалување на употребата на таблети и дигитални алатки, пишува АП. Овој потег доаѓа откако политичарите и експертите изразија загриженост дека прекумерната дигитализација, вклучително и воведувањето таблети во предучилишните установи, довело до пад на основните вештини на учениците.
Шведската министерка за образование Лота Едхолм, која ја презеде функцијата во владата на десниот центар пред 11 месеци,вели дека на учениците им требаат повеќе учебници и дека печатените книги се важни за нивното образование.
Министерката минатиот месец најави дека Владата сака да ја поништи одлуката на Националната агенција за образование за задолжителни дигитални уреди во предучилишните установи. Тие планираат да одат чекор понатаму и целосно да го стопираат дигиталното учење за деца помлади од шест години, соопшти Министерството.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.