ШВЕЃАНИТЕ ПОЧНАА ДА ОДГЛЕДУВААТ ХРАНА ВО СУПЕРМАРКЕТИ Вертикални фарми со свежи намирници, еколошки начин на производство

Вертикалните фарми во супермаркетите, освен што го намалуваат јаглеродниот отпечаток, се одлично решение за иднината на производството на храна, каде свежите производи ќе бидат достапни во реално време и ќе може да се купат директно од полиците.

366

Како одговор на различни предизвици, како што се ограниченото земјоделско земјиште за одгледување храна, шведскиот старт-ап SweGreen разви систем на вертикални фарми за одржливо и еколошко одгледување овошје и зеленчук и тоа – во супермаркетите.

Платформата за одгледување на една вертикална фарма е еквивалентна на производство на три хектари традиционално земјиште, а растенијата овде се одгледуваат без почва, користејќи вода и специјални чепови од камена волна.






Покрај тоа, клиентите во супермаркетите можат да го набљудуваат процесот на одгледување и берба на свежите производи, а потоа и да ги купат истите.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини