ШТО ТОЧНО ПЛАНИРА МАСК СО ТВИТЕР? Копче за уредување твитови, проверка дали сте робот и нула реклами

Што ако некој отпрвин напише пост да „го ретвитнете ова ако сакате кученца“ и вие го споделите текстот, но, во меѓувреме истиот човек го уредува постот со копчето на Маск и го поправа велејќи „ретвитнете го ова ако го сакате Хитлер“.

321

Најбогатиот човек во светот го купи Твитер, но никој не може да предвиди дали тој ќе ја „ослободи птичката да пее“, како што самиот тој тврди, или пак ќе ја прилагоди мрежата за своите потреби.

„Слободниот говор е основата на функционалната демократија, а Твитер е дигиталниот градски плоштад каде што се дебатира за прашања од витално значење за иднината на човештвото“, твитна Маск, веднаш откако од Твитер објавија дека ја прифатиле понудата на Маск.






Дали тоа значи дека милијардерот ќе го врати говорот на омраза, а ќе биде ослободен од почитување на човековите права? Амнести интернешнел не мислат така. Тие се загрижени дека Маск може да ги уништи механизмите за заштита од дискриминација кои веќе се воспоставени.

Додека вработените во Твитер негодуваат, а сега веќе поранешниот директор изјави дека „има доверба во Маск“, реалноста е дека милијардерот многу конкретно најави што ќе прави со мрежата. Еве некои од тие промени:

Копче за уредување

Маск е многу возбуден поради можноста за воведување копче за уредување. Таа опција веќе ја имаат Фејсбук, Редит и Википедија. Сепак, некои се загрижени за можноста за копчето за уредување на веб-локацијата, со класичен и често цитиран пример. Што ако некој отпрвин напише пост да „го ретвитнете ова ако сакате кученца“ и вие го споделите текстот, но, во меѓувреме истиот човек го уредува постот со копчето на Маск и го поправа велејќи „ретвитнете го ова ако го сакате Хитлер“.

Има еден начин ова да се реши, а тоа е да се воведе „историја на уредување“, за вие да знаете дека тој човек го сменил својот пост и во што го сменил. Можеби Маск би се согласил да се воведе овој механизам?

Проверка на луѓето

Маск во својата изјава спомна дека сака да ги победи „спам ботовите“, а за да го направи тоа тој сака да провери дека сте човек. Прашањето е, дали можете да им барате лична карта на луѓето кои едноставно сакаат да имаат анонимен профил?

Некои веруваат дека ова ќе ја намали злоупотребата на интернет. Секој да постира под своето име. Но, еј, можеби нема да се работи за лична карта, туку баш она класичното „докажи дека не си робот“ кое веќе добро функционира на некои сајтови.

Модел на претплата

Маск изјави дека неговото купување на Твитер „не е начин да се заработат пари“, додавајќи  дека „вопшто не ми е грижа за економијата“.

Твитер остварува најмногу од својот приход преку рекламирање. Во четвртиот квартал од 2021 година, 1,41 милијарди долари од приходот од 1,57 милијарди долари беа направени на овој начин. Маск може да се определи за модел на претплата, како што е предложено од неговите избришани твитови, што би значело да им даде на претплатниците некаква ознака и да ги отстрани рекламите од нивните ѕидови.

Одржливо ли е ова во реалноста?

„Исто така, сакам да го направам Твитер подобар од кога било со подобрување на производот со нови функции, правејќи ги алгоритмите со отворен код за да се зголеми довербата, победувајќи ги спам-ботовите со проверка дека сите луѓе се тие вистинските. Твитер има огромен потенцијал. Со нетрпение очекувам да работам со компанијата и заедницата на корисници за да го ослободиме потенцијалот“, напишал најбогатиот човек на планетата.

Поврзани содржини