ШТО СМЕАТ ДА ЈАДАТ ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ? Најдобрите „супер намирници“ препорачани за лица со дијабетес
Имам дијабетес! Што можам да јадам? Тоа е често прашање на луѓе кои заболеле од оваа болест. А одговорот е: во основа СЀ, бидејќи ниту дијабетес тип 1, ниту тип 2 немаат посебен облик на исхрана. Но тоа не значи дека треба да удрите на храна богата со масти и шеќери
По дијагнозата на дијабетес тип 1 или 2, многу луѓе се чувствуваат несигурни и не знаат што можат и што не можат да јадат. Ако сте во раните фази на дијабетес тип 2, здравата исхрана и доволно вежбање може дури и да го одложат почетокот на болеста. Долгите прошетки се добар почеток.
Иако ниту дијабетес тип 1, ниту тип 2 немаат посебен облик на исхрана, не значи дека треба да удрите на храна богата со масти и шеќери. Нездравата исхрана богата со масти и шеќери ќе има негативно влијание врз вашето здравје, бидејќи нивото на шеќер во крвта едноставно ќе експлодира, додека здравата и урамнотежена исхрана ќе ви помогне полесно да го контролирате нивото на шеќер во крвта и да ја спречите настанатата штета.
Бидејќи постојано слушаме за урамнотежена исхрана, пред сè треба да разбереме која храна се претвора во шеќер и зошто заради тоа треба да ја намалиме консумацијата на таа храна. На поедноставен начин може да се каже дека јаглехидратите и скробот се претвораат во шеќер, но на телото му се потребни за производство на енергија, па никој не може без консумирање на јаглехидрати. Она што е сè уште важно, особено за дијабетичарите, е како да се распредели внесот на јаглени хидрати во текот на денот и да не се прескокнуваат поединечните оброци.
Неопходно е да се имаат три оброци дневно, а не само еден или два обилни оброци, бидејќи на тој начин избегнувате големи флуктуации на нивото на шеќер во крвта, бидејќи не го храните организмот наеднаш со големи количини јаглехидрати, а на тој начин и со шеќер.
Обидете се да јадете домашна храна што е можно почесто, бидејќи точно ќе знаете што има во оброкот и ќе ги почувствувате количините на одделни компоненти.
Јадете во согласност со дијабетесот. Само променете го составот на менито, јадете свесно и прошетајте после јадење.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.