ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВРЕМЕТО Измерени 19,4 степени среде зима на Алјаска! (ВИДЕО)

Научникот Рок Томан од Центарот за климатска проценка и политика на Алјаска изјави дека температурата е измерена во заедницата Кодијак во неделата на 26 декември и дека таа е највисока во историјата на мерењата во тој дел од континентот.

426

Рекорден пораст на температурата е регистриран на Алјаска, откако викендов се измерени 19,4 степени Целзиусови, поради невообичаено топлото време во тој дел на Северна Америка за овој период од годината.

Научникот Рок Томан од Центарот за климатска проценка и политика на Алјаска изјави дека температурата е измерена во заедницата Кодијак во неделата на 26 декември и дека таа е највисока во историјата на мерењата во тој дел од континентот. Тој рече дека ситуацијата е „апсурдна“.






Томан истакна дека новиот рекорд е поставен поради низа екстремни временски услови во декември, вклучувајќи температура од 18,3 степени Целзиусови на аеродромот, 16,6 степени во заедницата Колд Беј и најмалку осум дена во декември со температури над 10 степени во градот во Аналаска, вклучувајќи 13,3 степени Целзиусови за најтоплиот католички Божиќ на полуостровот во историјата.

Поврзани содржини