ШТО СЕ СЛУЧИ СО СЕКСОТ ЗА ЕДНА НОЌ? Денешната младина слабо го консумира, а главната причина може да ве изненади!

Дали авантурите за една ноќ станаа реликт од минатото? Податоците покажуваат дека сегашната генерација (генерацијата Зет) има различни навики, а причините за ова се посложени отколку што изгледаат на прв поглед.

136

Додека миленијалците и Генерацијата X често се впуштаа во необврзувачки средби (да не се враќаме подалеку во времето, од хипи движењето до денес), податоците покажуваат дека Генерацијата Z – оваа актуелната генерација – има различни навики, а причините за ова се посложени отколку што изгледаат на прв поглед.

Според американските истражувања, една од теориите за падот на бројот на „авантурите за една ноќ“ е дека генерацијата Z пие значително помалку алкохол од нивните претходници.






Имено, податоците од Националниот институт за злоупотреба на дроги (Вашингтон) евидентираат дека потрошувачката на алкохол кај младите луѓе се намалува од 2000 година, што звучи одлично – но само додека не загребеме под површината. Ова значи дека членовите на генерацијата Z, родени помеѓу 1997 и 2012 година, пораснале во средина каде што алкохолот не е толку доминантен дел од дружењето, што не ги исклучува другите опијати.

Станува јасно дека, од кои било причини, денешните помлади генерации едноставно се помалку заинтересирани за „старомоден“ алкохол и е поверојатно да го сметаат за ризичен за нивното здравје. Ова го изјавил Џорџ Ф. Куб од Националниот институт во Вашингтон.

Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини