ШТО МЕ ГЛЕДАШ, ЧЕСТИ ПИВО! Честит меѓународен ден на пивото од нашите мали крафт пивари

Денес е првиот петок во август, денот кој од 2007.година се слави како Меѓународен ден на пивото. Ги побаравме нашите пријатели пивољупци, пивопијци, пивопознавачи и пивоправачи и ги прашавме како тие ќе го поминат овој убав и за нив празничен ден.

264

Денес, ако не сте знаеле, е меѓународен ден на пивото и можеби не е најпознатиот празник во светот, но на големите љубители на пиво и на неговите производители, им е омилен.

Нас на овој ден не потсети еден токму таков пивољубец, пивопиец, пивопознавач, пивски судија, сопственик на пивотека, организатор на Пивски салон и сопственик на порталот чие име е, а како поинаку ако не, „Сакам пиво“.






Станува збор за скопјанецот Марјан Костадиновски, чија порака за денов е многу трезвена и едноставна: „Консумирајте умерено и одговорно заради вас и блиските околу вас. Тоа е мојата порака“, се смее Мац кој на својот ФБ профил објави и фотографија на која токму по повод денот носи маица со интересен натпис: „Шо ме гледаш, плати пиво, ебаго“!

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини