ШТО ИМ ПРАВАТ ТЕЛЕФОНИТЕ НА НАШИТЕ ДЕЦА? Моментот кога ќе му ставиме смартфон во рацете на нашето дете го означува крајот на детството

Иако е тешко да се утврди поврзаноста, постојат многу докази за силна поврзаност помеѓу два феномени: појавата на паметните телефони и експлозијата на социјалните медиуми. Заедно создадоа страшна „совршена бура“, оставајќи неизбришлива трага на менталната и емоционалната благосостојба на цела генерација.

285

Се сеќавате на телефонскиот број на вашата најдобра другарка од детството?

Сигурно се сеќавате на оние моменти кога бирате број, чекате некој да ви одговори, се






претставувате и прашувате дали можете да разговарате со неа/него. А потоа – еден час зборување

и малку украдена приватност – ја влечете витканата телефонска жица до собата на вашите

родители, подалеку од ушите на љубопитната помлада сестра/брат.

Порано имавме разговори еден на еден. Споделувавме тајни. Зборувавме за поминатиот ден.

Дополнително – остававме сѐ што се случувало на училиште – во училиште.

Домот ни беше безбедно засолниште, место каде никој не можеше да не малтретира и каде немаше

„срамни моменти“ од училницата и училишниот двор. Дома едноставно припаѓавме, не требаше да

се обидуваме да се вклопиме – барем не како што моравме на училиште.

Дома можевме да се одмориме, да ги наполниме батериите, да станеме како нови. Дали се

сеќавате? Можевме да ѝ се довериме на мајка ни додека ги полеваше цвеќињата, да го шетаме

кучето со тато, да скокаме на трамболина. Едноставно да стекнеме нова енергија и сила за

утрешниот училишен ден.

Имаше рамнотежа. Јасни граници. Јасна разлика помеѓу времето и стварноста.

Но, сето тоа се промени.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини