ШТО ГИ ЧЕКА АСТРОНАУТИТЕ КОИ ПО 288 ДЕНА СЕ ВРАТИЈА ДОМА? Терапија, проблеми со баланс и многу прилагодување

Во следните недели, астронаутите најверојатно ќе се борат со вртоглавица и лоша рамнотежа кога ќе почнат повторно да одат. Дури и нивните срца ќе бидат ослабени по неколку месеци лесно пумпање крв без отпор на гравитацијата, па тие ќе треба бавно да закрепнат за да не си наштетат себеси.

639

Американските астронаути Суни Вилијамс и Буч Вилмор веројатно со недели ќе одат на физикална терапија и ќе се опоравуваат откако се вратија на Земјата по повеќе од девет месеци во вселената. Но, откако ќе се вратат во форма, може да очекуваат дека ќе се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Астронаутите ќе ги поминат следните неколку дена на проценка од лекарите во вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон, каде што беа донесени со хеликоптер откако нивната капсула Спејс Икс безбедно се распрсна кај брегот на заливот на Флорида во вторникот вечерта.






Ако сè e во ред со проценката за нивното здравје, ќе им биде дозволено да се вратат дома, Вилмор во Тенеси и Вилијамс во Масачусетс. Дома ќе започнат 45-дневна програма за рехабилитација. Освен физикалната терапија тие ќе работат на својот баланс – долго не ја почувствувале земјината гравитација.

Нивните мускули и коски со месеци лебделе на нулта гравитација на Меѓународната вселенска станица. Тоа е причината зошто астронаутите беа однесени со инвалидски колички од капсулата. Тоа е стандардна пракса за вакви случаи.

Во следните недели, астронаутите најверојатно ќе се борат со вртоглавица и лоша рамнотежа кога ќе почнат повторно да одат. Дури и нивните срца ќе бидат ослабени по неколку месеци лесно пумпање крв без отпор на гравитацијата, па тие ќе треба бавно да закрепнат за да не си наштетат себеси.

 

Губењето на густината на коските е уште еден несакан ефект од патувањата во вселената. Тоа може да ги мачи до крајот на нивниот живот, ако не си ја вратат мускулната маса.

Исто така, додека биле во вселената, астронаутите послабо гледале поради тоа што ниската гравитација предизвикува промени во циркулацијата и се акумулира течност во главата. Ова предизвикува човечкото око да ја промени формата.

Астронаутите ќе треба да се навикнат и да носат секојдневна облека. Носењето униформа која со месеци лебди на нулта гравитација направило нивната кожа да биде чувствителна како бебешката.

Истражувачите можат да одлучат да ги следат астронаутите до крајот на нивниот живот бидејќи сè уште малку се знае за ефектите на престојувањето во вселената.

Една интересна терорија е дека радијацијата која постои во вселената може да влијае на човечкото тело и да предизвика рак.

Едно од позитивните искуства кое ќе го имаат астронаутите кои се вратија на Земјата се мирисите и сетилните сензации кои ги немале во вселената и кои може да ги чувствуваат интензивно на почетокот. Тука се и основните мириси како оној на храната или на тревата.

– Привлекувањето од силата на гравитацијата може да се чувствува чудно и непријатно, природната сончева светлина може да изгледа премногу сјајна, па дури и секојдневните мириси на трева или храна може да се доживеат интензивно на почетокот – изјави за Ју-Ес-Еј Тудеј психологот од Кливленд, Сузан Алберс.

Поврзани содржини