ШТО Е ТОА НЕЦЕЛИЈАЧНА ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ГЛУТЕН? Елиминациско-провокациската диета е најдобриот тест што можете да го направите
Потребни се неколку месеци за телото целосно да се исчисти од глутен. Затоа, ако „повремено“ изедете парче леб или колач, нема да постигнете резултати.
Нецелијачна чувствителност на глутен е едно од нарушувањата кај луѓето кај кои се исклучени целијакија, алергија на пченица и синдром на нервозно дебело црево. Оваа болест влијае на мал број луѓе. Симптомите може да се појават неколку часа до неколку дена по јадење храна која содржи глутен. Проблемите што ги предизвикува се поврзани со дигестивниот систем, но можат да влијаат и на други органи. Вообичаените симптоми вклучуваат дијареа, надуеност, гастроезофагеален рефлукс и болки во стомакот.
Симптоми
Некои од недигестивните симптоми вклучуваат замор, главоболка, проблеми со меморијата, трнци во нозете, дерматитис и болки во зглобовите и мускулите. Не е секогаш лесно да се повлече јасна граница помеѓу наведените симптоми.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.