ШТО Е NO NUT NOVEMBER? Предизвик што мажите го прифаќаат масовно, но научниците предупредуваат на една работа

Уште еден ноември е пред нас, а со него доаѓа и популарниот интернет предизвик познат како Ноември без ореви (NNN).

168

Трендот No nut november доби голема популарност во последниве години на форуми како Reddit, а во него главно учествуваат мажи кои се обврзуваат да се воздржат од ејакулација цел месец, поточно, цел ноември кој е познат и како месец на машкото здравје.

За многумина, тоа е начин да ја тестираат својата дисциплина, додека други се надеваат дека ќе имаат повеќе енергија и полесно ќе се фокусираат на секојдневните обврски, пишува LADbible.






Овој предизвик е тесно поврзан со движењето NoFap, чии поддржувачи веруваат дека порнографијата може да предизвика компулсивно или зависно сексуално однесување. Според веб-страницата NoFap.com, целта е да им се помогне на луѓето да престанат со неконтролираната употреба на порнографија, особено ако тоа негативно влијае на нивниот личен живот.

Поддржувачите за позитивните ефекти

Поддржувачите на движењето тврдат дека воздржувањето од мастурбација им помага на неколку начини. Тие веруваат дека тоа им овозможува повеќе да се фокусираат на своите врски, ја намалува нивната зависност од порнографија и го подобрува нивниот фокус и ментална состојба. Тие исто така велат дека им дава повеќе време и енергија за други активности.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини