ШТО ЌЕ НАСЛЕДИ ДЕТЕТО ОД ВАШАТА СВЕКРВА? Ако не можете да ја поднесете мајката на маж ви, треба да знаете што може вашето дете да наследи од неа

Не велеле залудно старите дека кога ќе се ожените со одреден маж, се мажите со целото негово семејство.

203

Не велеле залудно старите дека кога ќе се ожените со одреден маж, се мажите со целото негово семејство. Ова значи дека тој не е „без корен“ и дека навиките од неговото семејство ќе бидат пренесени во вашето, но и дека вашето дете сигурно ќе наследи одредени гени од страната на таткото.

Ако не можете да ја поднесете вашата свекрва, треба да знаете што и колку вашето дете може да наследи директно од неа.






Рускиот генетичар, доктор по биолошки науки, професор, специјалист во областа на биотехнологијата и молекуларната генетика, д-р Сергеј Кисељов тврди дека бабата и внуката делат четвртина од истиот генетски коктел.

– Детето е четвртина од баба, односно 25% од гените внуката ги наследува од својата баба. Гените на нивните родители се мешаат кај мајката и таткото, а децата добиваат коктел во кој гените од претходните генерации се многу силни, но како се меша овој шпил карти е секогаш индивидуална приказна.

Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини