ШТО Ѝ Е НА ЖЕНАВА, НА ДЕТЕВО, НА ЧОВЕКОВ? Па се знае, хормоните…

Хормоналниот дисбаланс денес е многу честа појава, особено во градовите, каде што има повисоко ниво на загадување на животната средина. Покрај надворешните влијанија, на нивото на хормоните силно влијаат и стресот, лошата исхрана, нечистата вода, неправилниот и недоволен сон и физичката неактивност, но и природни фактори како што се менструалниот циклус, бременоста и менопаузата.

289

Многу често, кога ќе слушнеме дека некој постојано го менува расположението, дека е раздразлив или дека, на пример, неодамна многу се здебелил, како причина се наведуваат хормоните. Многу често тоа е и вистина. Имено, промените во нивото на различни хормони можат значително да влијаат на човековото здравје, однесување, сексуална желба, плодност, чувства и низа други животни фактори.

Хормоните се супстанци кои ги контролираат сите физиолошки процеси во организмот – од регулација на метаболизмот, активирање на имунолошкиот систем до менструални циклуси, производство и репродукција на сперма, па јасно е дека секој хормонски дисбаланс негативно влијае на здравјето и нормалното функционирање на тело.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини