ШТО Е ЧИЧКА РОДИТЕЛСТВО? Сѐ што треба да знаете за нездравата симбиоза помеѓу децата и старателите
Во суштина, родителот се држи до детето како залепен и интервенира наместо да му дозволи само да се справи со разочарувањето, фрустрацијата или досадата. Иако силната врска е од суштинско значење за развојот на детето, овој пристап може да стане проблематичен.
Родителите природно сакаат да бидат тука за своите деца, да им обезбедат утеха, водство и заштита. Но, понекогаш таа желба ја преминува границата во потреба да се биде насекаде, во секое време. Овој феномен е познат како „велкро (чичка) родителство“, пристап што произлегува од љубовта и добрите намери, но чие влијание врз децата и самите родители може да биде длабоко негативно, пишува HuffPost, кој на оваа тема разговарал со психолози и експерти за развој на децата.
Што е „чичка родителство“?
– Чичка родител е старател кој останува постојано залепен до своето дете – физички, емоционално, ментално и/или логистички – објаснува клиничкиот психолог и авторка Џени Јип.
За разлика од хеликоптер родителството, кое вклучува надзор одозгора, „чичка родителството“ значи да се остане залепен со детето. Родителот внимателно ги следи искуствата на детето, честопати интервенирајќи при првиот знак на непријатност, предизвик или неизвесност.
Во суштина, родителот се држи до детето како залепен и интервенира наместо да му дозволи само да се справи со разочарувањето, фрустрацијата или досадата. Иако силната врска е од суштинско значење за развојот на детето, овој пристап може да стане проблематичен.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.