ШТО ЌЕ ЈАДЕТЕ ВО ЕКСКЛУЗИВЕН РЕСТОРАН КОГА СТЕ ГО УНИШТИЛЕ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ВО ОКОЛИНАТА? За традицијата, агроекологијата, иднината – конгрес на Слоу фуд Македонија
Денес често не знаеме што јадеме, храната патува од едниот до другиот крај на светот, создавајќи огромно загадување, а свежината и квалитетот се под знак прашалник. Улогата на Слоу фуд е да го покаже патот кон поздрав однос со природата преку храната затоа што храната што ја јадеме не поврзува со земјата и е составен дел од нашиот идентитет. Ова беше и една од пораките од Вториот конгрес на Слоу фуд Македонија
Она што го започна активистот Карло Петрини уште во 1989 година во италијанскиот град Бра, прерасна во организација која денес има членови во 160 земји во светот.
Една од земјите кои веќе 16 години се дел од семејството на Интернационалната мрежа на Слоу фуд, е и Слоу Фуд Македонија која деновиве во Битола го одржа и својот Втор конгрес во присуство на 70 делегати од конвивиумите од цела Македонија.
„Нашите млади започнаа да размислуваат и да сонуваат за свое парче земја, за своја нива, своја храна и свој рај. Сите го слушнавме повикот на природата, затоа и мотото на вториот конгрес е „Доди на трпезата“ заеднички да седнеме и да споделиме храна, идеи и размисли за нашата храна, а преку неа да креираме промени“, истакна битолчанецот Николче Николовски, претседател на Националниот одбор и член на Меѓународниот совет на Слоу Фуд Интернационал.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.