ШТО ДА ПРАВИТЕ КОГА ВАШЕТО ДЕТЕ ЌЕ ВЕ УДРИ? Зошто не смеете да му вратите, да се смеете или да му викате?

Иако првата реакција кај некои родители кога нивното мало дете ќе ги удри е да почнат да се смеат, кај други, да му вратат, а кај трети – да му се развикаат, ниту една од овие опции не е добра. Напротив, само предизвикува поголема штета.

473

Родителите често се шокирани кога нивното дете ќе ги удри, но психологот Ејми Морин вели дека тоа е честа појава што не треба да ја сфаќаат толку сериозно, особено ако се работи за мало дете. Иако може да биде фрустрирачко и непријатно, многу родители без причина се грижат дека агресивноста на нивното дете кон нив е знак дека некако не успеале како родители. Имено, огромното мнозинство деца ги удираат своите родители, а начинот на кој реагираме е клучен за да се сузбие тоа на самиот почеток.

Иако првата реакција кај некои родители кога нивното мало дете ќе ги удри е да почнат да се смеат, кај други, да му вратат, а кај трети – да му се развикаат, ниту една од овие опции не е добра. Напротив, само предизвикува поголема штета.






Една од работите што ги посочува Морин, како нешто што родителите ни случајно не треба да ги прават кога детето ќе ги удри, е драматизирањето и викањето.

Првата реакција на родителите е да му покажат на детето дека тоа што го прави не е во ред со одредена реакција и викање, но психологот објаснува дека тоа само предизвикува поголема штета. Така, детето всушност гледа дека ударот вродил со плод и предизвикал одредена реакција, што обично е главната намера на ваквото однесување.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини