ШТО ДА ЈАДЕТЕ, А ШТО ДА ИЗБЕГНУВАТЕ КОГА ТЕМПЕРАТУРИТЕ РАСТАТ? Совети за летна исхрана

Главната карактеристика на правилната исхрана во лето е консумирањето лесна храна, што значи главно овошје и зеленчук. Токму во лето доаѓа до израз целата убавина на боите што ги нуди природата.

138

Масната, пржената, чадената и зачинета храна треба да се избегнуваат во текот на целата година, а особено во лето. Исто така, препорачливо е да се вклучи многу риба и посна живина.

Најдобар избор е медитеранската исхрана






Со оглед на тоа што сè повеќе научни истражувања ги потврдуваат придобивките од медитеранската исхрана, овој начин на исхрана се смета за летен идеал, поточно, за најдобар избор.

Покрај рибата, маслиновото масло, свежото овошје и зеленчук, медитеранската исхрана вклучува и внесување на многу житарки, особено интегрални житарки, и млечни производи со ниска масленост.

Имено, Медитеранците ги збогатуваат своите јадења со свежи зачини, а тие придонесуваат за превенција од болести.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини