ШТО АКО МАСК ГО КУПИ ТВИТЕР? Нема да има реклами и Трамп ќе си го врати профилот

Милијардерот, а иден трилијардер, исто така, предложи промени во премиум услугата Twitter Blue, како што е отстранувањето на рекламирањето, што ги зголемува шансите да се распадне некој бизнис кој прави 90 отсто од своите 5 милијарди годишно преку реклами.

604

Излегува дека милијардерот Илон Маск сепак не бил во „режим на тролање“(goblin mode) кога го критикуваше Твитер минатата недела. Тој понуди 43 милијарди долари за да ја купи социјалната мрежа откако си играше со идејата седиштето да стане засолниште за бездомници и…што ли уште не. Но, што навистина би се случило ако Маск го поседува Твитер? Гардијан дава своја анализа.

Ако земеме предвид дека Твитер е клучен во обликувањето на вестите и политиката во светот тогаш битно е кој да биде газда, особено ако треба да го ставиме во рацете на претприемач со богатство од 260 милијарди долари. Маск веќе има 81,6 милиони следбеници, но дали тоа би го направило добар газда на Твитер?






Слобода на говор значи Трамп да си го врати профилот

Се чини дека главната грижа на Маск е политиката на умереност на Твитер. Во март тој твитна анкета во која ги праша корисниците дали страницата се придржува до принципот на слободен говор. Ова би значело дека Трамп, кој беше баниран од Твитер би можел да си го врати профилот назад, бидејќи, нели, слободниот говор не смее да се забранува.

Копче за уредување на постовите

Другите предлози од Маск се помалку спорни. Минатата недела тој ги праша корисниците дали сакаат копче за уредување за да ги уредуваат објавите по објавувањето, што ја натера компанијата да потврди дека сепак работи на таквата функција.

Ова е нешто што веќе го има на Фејсбук и други социјални мрежи. Веројатно е дека ќе дојде и на Твитер со или без Маск.

Нема рекламирање, нема бизнис

Милијардерот, а иден трилијардер, исто така, предложи промени во премиум услугата Twitter Blue, како што е отстранувањето на рекламирањето, што ги зголемува шансите да се распадне некој бизнис кој прави 90 отсто од своите 5 милијарди годишно преку реклами.

Главната грижа на инвеститорите со Твитер е растот во однос на приходите од реклами и претплатници. ТикТок наскоро може да му биде голем ривал. Со оглед на тоа што на Маск му е битна слободата на говорот, се претпоставува дека растот на корисниците ќе дојде во фокусот ако компанијата стане негова.

Твитер пораснал скоро 10 пати од месец јануари

Според најновите тромесечни резултати на Твитер, дневните активни корисници се зголемиле од 25 милиони на 217 милиони. Целта е да имаат 315 милиони до крајот на следната година.

Драматичните твитови на Маск од минатата недела би требало да додадат уште нови корисници. Тоа значи дека дури и Маск да не успее да го купи Твитер платформата нема да ја изгуби својата популарност.

Поврзани содржини