ШПРИЦ СО РУМ НА СМРТНАТА ПОСТЕЛА! Дали би се простиле вака од саканиот татко?
Ќерка го прошверцувала во болница омилениот пијалак на татко ѝ кој лежи на смртната постела. Би го направиле ли и вие истото за да му обезбедите последно уживање на својот родител?
Атмосферата околу смртните постели е главно мрачна и трагична. Додека некој се збогува со овој свет, саканите се обидуваат да се држат заедно и да му ги кажат или да ги слушнат неговите последни зборови, да го држат за рака или да направат нешто што ќе му овозможи да ја почувствува нивната љубов. Дали тоа може да вклучува и чашка од омилениот алкохолен пијалак за збогум?
Дека процесот на простување може да биде различен покажа и чинот на една Австралијка, чиј татко ги броел последните часови во болница.
Имено, Пенелопе Ана снимила видео и го споделила со заедницата на ТикТок. На видеото може да се види како му ја исполнува желбата на својот смртно болен татко и му ја дава последната голтка од неговиот омилен пијалак, посебен вид рум.
Во видеото таа ја отвора конзервата и со мал шприц собира неколку милилитри од румот. „Дојдов подготвена да се збогувам“, вели таа.
Видеото можете да го видите на порталот „Мајка и дете“.