ШПЕКУЛАЦИИ ЗА СЕКСУАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР Дали Моџтаба Хамнеи се лекувал од импотенција?

Во дипломатски белешки што протекле на Викиликс се наведуваат детали за проблемите на Моџтаба, за кои сепак нема официјална потврда.

348

Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ирански врховен лидер Али Хамнеи и негов најверојатен наследник на тронот, се лекувал од импотенција во Велика Британија, пренесуваат медиуми, повикувајќи се на непотврдени дипломатски белешки од Викиликс.

Според тие информации, станува збор за дипломатски извештаи на американската администрација, кои пред повеќе години се појавија во рамките на објавите на платформата Викиликс. Во нив се тврди дека Моџтаба Хамнеи наводно имал сериозни здравствени проблеми поврзани со машката плодност и дека поради тоа во неколку наврати престојувал во Велика Британија на медицински третман.






Во дипломатските белешки, на кои се повикуваат дел од медиумите, се наведува дека тој бил лекуван во приватни болници во Лондон, меѓу кои се споменуваат „Велингтон“ и „Кромвел“. Наводно, една од посетите траела околу два месеца, а третманот бил поврзан со проблеми со импотенција.

Сепак, овие тврдења никогаш не биле официјално потврдени. Дипломатските белешки објавени од Викиликс често содржат информации добиени од неформални извори, проценки или разговори со соговорници, што значи дека тие не претставуваат нужно проверени факти.

Ниту британските здравствени институции, ниту властите во Иран досега не дале јавна потврда дека Моџтаба Хамнеи навистина се лекувал во Велика Британија. Нема ниту медицинска документација што би ги потврдила овие наводи.

Приказната повторно се појавува во дел од меѓународните медиуми во момент кога се засилуваат шпекулациите за политичката иднина на Иран и за можната улога на Моџтаба Хамнеи во врвот на иранската власт.

Поврзани содржини