📷 ШОКИРАНИОТ ЕНДРУ ВЕДНАШ ДО МОНА ЛИЗА Фотката висеше 15 минути пред да биде забележана
Активисти ја закачија фотографијата од апсењето на британскиот принц Ендру во срцето на музејот Лувр во Париз. Персоналот ја отстрани по само 15 минути откако беше забележана.
Фотографија од апсењето на Ендру Маунтбатен-Виндзор осамна на ѕидот до „Мона Лиза“ и „Венера Милоска“ во музејот Лувр во Париз. Активистичката група „Everyone Hates Elon“ ја поставила сликата со порака дека така светот ќе го памети поранешниот војвода од Јорк.
Персоналот на Лувр ја отстранил фотографијата по 15 минути.
„Сега се поти“ како алузија на скандалот
Фотографијата на принцот била поставена со натпис „Сега се поти“. Тоа е алузија на неговото интервју за „Newsnight“ од 2019 година, кога Ендру тврдеше дека не може да се поти.
Во интервјуто со новинарката Емили Мејтлис, тој го негираше сведочењето на Вирџинија Џуфре. Таа тврдеше дека го видела како се поти во ноќен клуб.
Џуфре, која минатата година изврши самоубиство, го обвини дека имал сексуални односи со неа кога била малолетна жртва на трговија со луѓе поврзана со Џефри Епстин.
View this post on Instagram
„Ни рекоа да го закачиме во Лувр“
Фотографијата која ја поставиле активистите прикажува Маунтбатен-Виндзор на задното седиште на „Ренџ Ровер“ по напуштање на полициска станица во Норфолк. Тој поминал 11 часа во притвор откако бил уапсен под сомнение за злоупотреба на службена должност.
Неговото беше прво апсење на висок член на британското кралско семејство од апсењето на кралот Чарлс I во 1647 година.
Групата објави видео на Инстаграм со порака
„Велат ‘закачете го во Лувр’. Така и направивме“.
Во изјава за Ројтерс активистите рекле:
– Мислевме да му покажеме како светот ќе го памети. Да се надеваме дека ова е само почеток. Правда за сите жртви на Епстин.
Политички последици и можен пресврт
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен по објавување на милиони документи поврзани со Џефри Епстин од страна на американската влада. Дел од документите наводно покажувале електронска комуникација меѓу него и Епстин во периодот кога бил британски трговски претставник.
Тој продолжува да негира какво било кривично дело.
Поранешниот војвода од Јорк и понатаму е осми во линијата на наследување. Владата на Сер Кир Стармер разгледува закон што би овозможил негово отстранување од таа линија.