ШОКАНТНО ЗЛОСТОРСТВО КАЈ ПАРАЌИН Брат и сестра ја убиле маќеата, а потоа со 41 убод со нож се обиделе да го убијат татко им
Жителите на српското село Трешњевица, во блзина на Параќин, каде што се случил настанот, се велат дека братот и сестрата биле зависници од дрога и од алкохол.
Медиумите во Србија известуваат за шокантно злосторство во близината на Параќин што ја вознемири јавноста.
Извесен Марко Павловиќ (23) е уапсен под сомнение дека заедно со неговата сестра Милица (27) на нивниот татко Милош му нанеле 41 убод со кујнски нож.
По распитот во полиција, Марко признал дека ја убил и маќеата Марина М. (50), по што полицијата во локва крв во нејзината куќа го пронашла безживотното тело на жената.
Полицијата се сомнева дека Марко прво ја убил маќеата, а потоа го нападнал татко му заедно со сестра му. Според неофицијалните информации, мотив за монструозното убиство била емотивната врска на нивниот татко со Марина. Во страв од Марко и Милица, Марина не живеела во нивниот дом, туку во својата куќа.
Необично е тоа што и покрај нанесените 41 убод со нож, таткото успеал да го грабне ножот и истрчал кај соседите, од каде што повикале полиција и итна помош, која му ги санирала повредите во болницата во Параќин.
Братот и сестрата се во притвор.
Жителите на село Трешњевица, каде што се случил настанот, се шокирани од страшното злосторство. Тие велат дека братот и сестрата биле зависници од дрога и од алкохол.
„Тие живееја со татко им во убава куќа, благодарение на нивните баби и дедовци, кои работеа во Австрија и им оставија многу пари, а тие самите не правеа ништо. Таткото Милош ги издржуваше двајцата така што влечеше дрва од планината и ги продаваше. Но, тие никогаш не беа задоволни“, вели соговорник на „Новости“.