ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО СИЦИЛИЈА, ШЕСТ ВО ВОЛКОВО Македонската снаа Мариа-Пиа ја донесе домашната сицилијанска храна во Скопје
Она што нашата соговорничка Мариа-Пиа Модика го научила од својата мајка, а тоа е, да ја приготвува со љубов традиционалната домашна сицилијанска кујна, е нешто што не се учи во ниту едно училиште на светот. Секако, не се учи ниту во најдобриот италијански ресторан. Токму таа кујна ќе можат да ја пробаат и скопјани на 1, 2 и 3.декември во скопската Таверна Тоскана
Она што нашата соговорничка Мариа-Пиа Модика го научила од својата мајка, а тоа е, да ја готви со љубов традиционалната домашна сицилијанска кујна, како што таа секојдневно го правела тоа за неа и за нејзините браќа и сестри, е нешто што не се учи во ниту едно училиште на светот. Секако, не се учи ниту во најдобриот италијански ресторан на светот.
Токму таа сицилијанска домашна кујна ќе можат да ја пробаат и скопјани во нејзината оригинална верзија. Од салата од портокал, цитрусот по кој родниот град на Мариа-Пиа, Лентини, е најпознат во светот и карпачо од сабјарка, до познатата сицилијанска паста ала Норма, полнети сардини и ролат од рикота за десерт. Сето ова ќе биде на менито на Мариа-Пиа во скопската Таверна Тоскана, кадешто таа ќе биде гостин-шеф вo кујната на нашиот Влатко Огненовски.
Инаку, оваа убава Сицилијанка е македонска снаа која, иако доаѓа од едно од најубавите места на земјината топка, со поглед на море и на Етна (еден од највисоките активни вулкани во Европа), е вљубена во скопските улици, македонските планини и Охридското Езеро, во питата на свекрвата, бурекот од скопските бурекџилници, македонските вина и ракии и, се разбира, во ајвар, пинџур и шопска салата.
Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.